Од 7 октомври досега на Западниот Брег се уапсени 2.850 Палестинци

Најмалку 212 Палестинци убиени во напади на израелските сили и еврејските доселеници на Западниот Брег и Источен Ал-Кудс (Ерусалим)

Израелските сили уапсија 40 Палестинци во текот на ноќта во различни делови на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu.

Здружението на палестинските затвореници соопшти дека израелските сили уапсиле најмалку 40 Палестинци во текот на ноќта, со што бројот на Палестинци уапсени од израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври наваму на 2.850.

Израелската армија интензивно го бомбардира појасот Газа од 7 октомври, спроведувајќи и рации на окупираниот Западен Брег и Источен Ал Кудс (Ерусалим) и приведувајќи Палестинци под различни обвиненија.

Најмалку 212 Палестинци се убиени во нападите на израелските сили и еврејските доселеници на Западниот Брег и Источен Ерусалим од 7 октомври.