Официјални податоци од Украина укажуваат на фактот дека во моментов 33.000 лица или 5,4% од населението на Црна Гора го сочинуваат украински бегалци
Според последните податоци што ги објави Украина, од почетокот на руската агресија досега, Црна Гора е земја што примила најголем број бегалци од Украина според бројот на сопственото население.
Официјални податоци од Украина укажуваат дека во моментов 5,4% од населението на Црна Гора го сочинуваат украински бегалци. Претворено во бројки и имајќи во вид дека во Црна Гора живеат околу 620.000 жители, бројката на украински бегалци изнесува околу 33.000. Ист е процентот и во Естонија, а во Чешка бројката на украински бегалци изнесува е 4,9%.
Во моментов, во Полска и Молдавија бегалците од Украина претставуваат 4,2% од популациите во овие земји.