Оние кои го одложуваат алармот се поинтелигентни, покреативни и посреќни

Опцијата за одложување воопшто има лоша репутација

Луѓето кои ја користат оваа опција често се етикетирани како мрзливи и недисциплинирани, додека многу луѓе веруваат дека спиењето дополнителни 10 минути откако ќе се вклучи алармот, само го расипува вашиот деноноќен ритам.

Ако сте меѓу овие луѓе, тогаш науката има добри вести за вас: можете да бидете многу поинтелигентни, покреативни, па дури и посреќни од оние кои се будат веднаш штом ќе се вклучи алармот .

Оваа студија го поврзува одложувањето со креативноста, интелигенцијата и независен дух.

Авторите на оваа студија, Сатоши Каназава и Каја Перина, тврдат дека ние сме приспособени да живееме (и спиеме) како нашите предци – што значи да спиеме рано и да се будиме рано – додека способноста да се прилагодиме на модерниот живот е знак на извонредна интелигенција.