ОН: Во поплавите во Јемен загинаа 31 лице

– Најмалку 31 лице загина, 37 се повредени, а тројца се водат како исчезнати во поплавите во Јемен, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Во соопштението на ФАО се наведува дека во многу градови на Јемен имало обилни врнежи во претходните денови.

Според извештаите од терен, во поплавите предизвикани од дождовите животот го загубиле 31 лице, додека 37 се повредени, а тројца се водат за исчезнати. Констатирано е дека врнежите предизвикале опасен одрон на карпите.

Сезоната на дождови во Јемен, која започна во средината на март, погоди илјадници луѓе.