Општина Охрид го поништи повикот за субвенционирање на граѓаните при купување системи за затоплување – инвертер клими за 2023 година.
Во соопштението од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид се посочува дека согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот се поништува Јавниот повик од 6 април за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година.
Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе може да ги подигнат документите со кои аплицирале.
На јавниот повик уште при објавувањето реагираа од опозициската партија СДСМ, дека се работи за манипиулативни активности и злоупотреба на јавните средства.