Општ хаос: Жените се степаа и паднаа во вц шолја- врскање и кубење за коса! Летаа пердуви (ВИДЕО)

Социјалните мрежи се преплавени со снимки од тепачката која се случила за време на концертот на Морган Вален во Питсбург, Соединетите Американски Држави.

Како што објави Times Now News, пред мобилните тоалети дошло до жестока физичка пресметка меѓу двете жени, што може да се види на виралното видео.

На почетокот на видеото може да се види нивната вербална расправија, а по неколку разменети зборови настанува целосен хаос. Тие две толку многу се туркааа што паднаа во една од кабините од каде излезе вознемирена девојка која веќе беше внатре.

Една од учесниците во тепачката буквално заврши во тоалетната школка, а потоа се приклучија уште две жени и настана општ „хаос“ кој обезбедувањето залудно се обидуваше да го спречи.

Жена во униформа успеа да спречи инцидентот дополнително да ескалира, а актерите побегнаа пред да дојде полицијата.

Клипот, кој трае 52 секунди, го погледнале повеќе од 13 милиони луѓе, а локалните медиуми пронајдоа една од актерките. Таа тврди дека ја бранела нејзината мајка (во бел џемпер) која „и’ ја чувала вратата додека била во тоалетот“.