Орбан ги разреши сите дилеми и ја сруши надежта на Зеленски: „Унгарските средства нема да завршат во Украина“ (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го изрази своето задоволство што ставот на Будимпешта е испочитуван на состанокот на Европскиот совет во Брисел, на кој беше решено прашањето за обезбедување средства за Украина.

– Мисијата е завршена. Унгарските средства нема да завршат во Украина. Имаме контролен механизам. Нашиот став за војната во Украина е непроменет – ни треба примирје и мировни преговори – изјави Орбан на платформата Х.

Орбан претходно истиот ден објави дека неговата земја добила гаранции дека средствата на Унгарија од фондовите на Европската унија нема да бидат испратени во Украина, поради што гласаше за испраќање пакет помош за Киев во вредност од 50 милијарди евра.

Според него, Унгарија имала две грижи – дека нејзините пари од фондовите на ЕУ ќе бидат испратени во Киев и дека Унијата ќе одлучи да додели пари на Украина за „премногу долг период без проверка“.