Орбан спроведува целосна чистка во армијата: Сменети се стотици офицери

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја врши најголемата чистка во армијата, пренесуваат медиумите, наведувајќи дека на списокот се и првите генерали.

Информациите за масовни промени во унгарските вооружени сили досега се шират преку неофицијално усно во Унгарија, но без официјални објаснувања за тој чуден процес, оценува Јутарњи лист.

Но, сега, како што се наведува понатаму, за тоа известувале и западните медиуми, а промените во понеделникот официјално ги потврдил и унгарскиот министер за одбрана Кристоф Сали Бобровнички.

Според Блумберг, сè уште не е познат вкупниот број на отпуштени офицери, но се проценува дека ги има стотици.

Се наведува и дека впечатокот е дека во унгарската армија се врши целосна чистка, бидејќи промените почнале од врвот, највисоките генерали, па сè до нивото на потполковник.

Некои опозициски политичари, пишува Блумберг, велат дека целта на „реформата“ во унгарската армија е да ја ослабне нејзината историска ориентација кон Запад.

Имајќи предвид дека владата на Орбан е под притисок на сè поизразени внатрешни проблеми, како и институцијата на ЕУ поради прекршување на владеењето на правото, сега ја консолидира својата моќ таму каде што се уште ја нема – во армијата.

Од 2010 година, Орбан и неговата партија Фидес успеаја да обезбедат влијание врз судството, медиумите и универзитетот и да ги имплементираат идеите на т.н. нелибералната демократија, која во основа е форма на диктатура.

Министерот за одбрана на Унгарија, пак, тврди дека во ова нема скриена агенда бидејќи не можат да имаат толку големи промени. Тој тврди и дека сакаат да воведат меритократија и компетентност во одбранбените сили.

Но, би било невообичаено доколку министерот за одбрана јавно признае дека се врши масовна промена во армијата со цел да се зголеми влијанието на премиерот, односно на владејачката партија, наведува Блумберг.