ОСЛОБОДЕНА ТРЕТА ГРУПА ЗАЛОЖНИЦИ Израелската армија: 14 Израелци и тројца странци се префрлени во Црвениот крст

Израелската војска соопшти дека добила информација од Црвениот крст дека Хамас ослободил 14 израелски заложници и тројца странски заложници.

Ова е трета група заложници кои Хамас ги ослободи како дел од четиридневниот договор за прекин на огнот.

„Врз основа на информациите добиени од Црвениот крст, 14 израелски заложници и тројца странски заложници се префрлени во Црвениот крст“, соопшти израелската армија.

Доцна во саботата навечер, Хамас ослободи 13 Израелци и четворица тајландски државјани . За возврат, Израел ослободи 39 Палестинци кои беа затворени во израелските затвори.