Османи: Денеска можеше да биде празник и за нас, честитки за Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската Унија.

„Честитки до Украина и Молдавија за почетокот на преговорите со Европската унија.

Денес можеше да биде ден на прослава и отворање на поглавје во нашата земја, но мрачните антиевропски сили држат во заложништво 2 милиони граѓани.
Уште малку“, напиша Османи на својот Фејсбук профил.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ одлучија да ги отворат преговорите за членство со Украина и Молдавија.