Османи: Немам никаква улога во вработувањето на сестра ми во М-НАВ, таа работи таму 15 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека нема никаква улога во вработувањето на неговата сестра во М-НАВ бидејќи таа работи таму повеќе време отколку што е тој министер. 

– Работи од пред 15 години. За критериумите ќе ги прашате во М-НАВ. Јас немам никаква улога во тоа. Тоа е 12 години пред јас за станам министер за надворешни работи. И оваа тема е искористена секои избори во последните 15 години и веќе 15 години јас истото образложение го давам. Меѓутоа, очигледно изборите го прават тоа така што ќе играме по тие ноти, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција со неговиот албански колега Игли Хасани.

Покрај сестрата на министерот Османи, во М-НАВ се вработени и роднини на вицепремиерот за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.