Останува уште малку време: Ако не го направите ова на вашата сметка на Google, утре ќе останете без него
Гугл утре ќе избрише милион сметки за услугите на Gmail, Drive и Photo, како дел од безбедносната мерка за заштита на корисниците.
Процесот на бришење ќе се фокусира на сметките на Google кои се неактивни две години, вклучувајќи ги и податоците во Google Workspace – Docs, Drive, Meet, Calendar и Google Photos. Важно е да се напомене дека овие упатства важат само за личните кориснички сметки на Google, а не и за сметките на компании, училишта и други субјекти.
Фазното бришење ќе започне прво со сметки кои биле креирани, но никогаш повеќе не се користени. Google планира да ги извести сопствениците на сметките повеќе пати преку нивните регистрирани адреси на е-пошта за да обезбеди доволно предупредување пред бришењето.