Осум работи опасни за вашата врска

Многумина мислат дека изневерувањето е најголемата неволја што може да ги снајде партнерите во врската, но сепак постојат работи кои се поопасни за иднината на врската дури и од изневерувањето

Лажете и криете нешта од партнерот
Дури и ако ја избегнувате вистината за да не го повредите или разочарате партнерот, лажењето и криењето на крајот стануваат голем проблем што доведува до нарушување на довербата и ја става врската на разнишани нозе. Треба да можете да му кажете на партнерот се што ве мачи.

Избегнување на интимност
Ова не се однесува само на интимноста, туку и на разговорите за чувствителни теми, на прашањето дали можете да сметате еден на друг во тешки ситуации, но и на избегнувањето да покажувате чувства и приватно и јавно. Сето ова ќе и наштети на вашата врска и ќе ја разниша вашата верба во нејзината сериозност и постојаноста на чувствата на партнерот.

Избегнување разговор за проблеми
Ако има некој проблем во врската, колку и да ви е тежок, треба да се зборува за него пред да стане огромен куп под тепих на кој постојано се сопнувате. Колку и да ви изгледа незначаен, неважен или можеби „невозможен“ проблемот за кој зборувате, зборувајте за тоа.

Тврдоглавост
Кога некој редовно инсистира на неговите ставови и одлуки, тој му кажува на партнерот дека не е подготвен за компромиси. А во врската секогаш треба да бидете подготвени на компромиси. Луѓето кои можат да функционираат само така што сè оди според нив, се луѓе кои се врзани за себе.

Покровителство
Обраќањето на вашиот партнер одозгора е непочитување, бидејќи испраќа порака дека мислите дека вашето мислење е поважно, дека сте попаметни, поспособни или повредни. Еднаквоста меѓу партнерите е од најголема важност во секоја сериозна врска.

Останување во врска од погрешни причини
Без разлика дали не сакате да го разочарате семејството или да го откажете патувањето што сте го планирале пред три месеци – овие и слични работи се погрешна причина да останете во врска. Останувате во врска поради љубов, а не поради навика или затоа што ви е тешко да се справите со нова ситуација.

Манипулација
Ова е многу чувствителна област затоа што некој е во состојба суптилно да манипулира со својот партнер со години без овој воопшто да го сфати. Ако чувствувате дека вашиот партнер предизвикува губење на самодовербата и станува длабоко несреќен, запрашајте се што ве поврзува на прво место и зошто сте во врска.

Љубомора
Можеби вашиот партнер не ве изневерува, но редовните сомневања можат да бидат многу полоши од самото изневерување. Во врската треба да се чувствувате сакано, посакувано, безбедно и самоуверено.