Откриена причината за авионската несреќа на аеродромот во Токио

Јапонските служби соопштија дека патничкиот авион кој се судри со авион на крајбрежната стража на аеродромот во Токио, бил пуштен да слета, но дека помалиот авион не добил зелено светло да полета.

Властите ги добија податоците врз основа на снимките од контролата на летање.

Авионот на Japan Airlines во вторникот на 2 јануари се судри со авион на крајбрежната стража при слетување, при што и двата се запалија.

Сите 379 патници на патничкиот Ербас А350 успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но петте патници од авионот на крајбрежната стража Де Хавиланд Даш-8 загинаа, а преживеа само капетанот, кој се здоби со тешки повреди.

Пожарот на Ербасот беше изгаснат само осум часа по падот.