Откриена причината за смртта на младата Србинка која мистериозно исчезна во Дунав?

ИВА БАЛОГ исчезна во ноќта меѓу петокот и саботата, околу 04:00 часот, на новосадската плажа Офичирач, а е пронајдена во неделата околу 13 часот во Дунав, на околу 60 километри низводно кон Белград.

„Ива имаше срцев удар, тоа е причината за смртта“, открила за Блиц Мартина Балог, сестра на 27-годишната Новосаѓанка Ива Балог, која исчезна на плажата Офичирац.

Да потсетиме, телото беше пронајдено во неделата на околу 60 километри од местото каде исчезна.

Седна во плиткото, разговараше со момците и исчезна без трага

Ива последен пат била видена на плажата Офичирац во Петроварадин ноќта меѓу петокот и саботата, околу 04:00 часот, каде била на забава. Наводно отишла да се капе во Дунав со пријателка.

Нејзината сестра Мартина за Блиц изјави дека ова е првата информација што ја добиле за исчезнатата Ива. Тогаш добила информација дека пријателката на момент ја оставила, а оттогаш Ива ја нема.

“Наводно, четворица момци ја виделе како плива и како излегла од водата. Разговарале со неа и таа се упатила кон музиката, односно кон местото каде се одржувала забавата. Детално ја опишале”, рекла сестрата на Ива.