Откриен е мотивот за злочинот во Добој! Искасапено тело пронајдено во шума: Убиениот Саша зад себе остави четири деца! (ВИДЕО)
Брутално убиениот во Добој веднаш е идентификуван, а се работи за Саша К. од овој град.
Неговото голо тело, врзано за дрво, било пронајдено во шумата на излетничкото место Преслица во околината на Добој.
Имал агенција за изнајмување автомобили и со години се занимавал со тој бизнис.
Зад себе остави четири деца.
Мотивот за бруталното убиство, наводно, биле љубовни проблеми.
Видеото може да го погледнете ТУКА
Телото на Саша К., било пронајдено голо, врзано за дрво во шумата кај Добој.
– Еден човек е убиен со нож. Беше врзан за дрво и имаше селотејп на устата. Инспекторите дознале дека маж и жена можат да бидат поврзани со злосторството – вели извор близок до истрагата.
Истиот извор открива дека мажот бил приведен во текот на денот, а понатамошната потрага ги одвела истражителите во Бања Лука.
Во населбата Старчевица приведена е жена која е осомничена дека е поврзана со бруталното убиство во Добој.
Таа врз основа на автомобилот била лоцирана во Бања Лука и е задржана за понатамошна кривична истрага.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.