Падна договорот во Скопје: Основана е Западнобалканската четворка?!

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, соопшти дека во Скопје е формирана Западнобалканската четворка.

Османи во објава на Твитер истакна дека платформата на Западнобалканската четворка е во согласност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, но и со демократските вредности и принципи.

Заедно со текстот објави и заедничка фотографија со претставниците на Албанија, Косово и Црна Гора, кои ја започнаа оваа иницијатива заедно со Северна Македонија.