ПАДНА МАСКАТА НА ВИКТОР ОРБАН! Големата тајна на Унгарија разоткриена во објавените тајни документи на Пентагон – главна улога има оваа балканска земја

Документите на САД покажуваат дека Унгарија – која дели мала граница со Украина – можеби тајно им дозволува на сојузниците да го користат нејзиниот воздушен простор за да пренесат оружје на бојното поле и покрај ветувањата дека ќе ги забрани таквите трансфери“, пишува денес еминентниот весник Politico

Но, многу поинтересно е што Хрватска за прв пат се споменува во документите кои протекоа до јавноста, како една од многуте земји кои обезбедуваат воена помош за Украина.

Еден од објавените документи детално го опишува планот на украинските пилоти да летаат донирани хеликоптери од Хрватска во Украина преку унгарскиот воздушен простор. Ако е точно, бидејќи Politico не може самостојно да ја потврди автентичноста на документите, информациите покажуваат не само дека Унгарија пушта оружје низ своето небо, туку и се спротивставуваат на извештаите на медиумите дека хеликоптерите ќе бидат префрлени по копно или летови над Полска

Унгарските и хрватските официјални лица се уште не одговорија на барањата за коментар од весникот.

Politico овде се повикува на напис од познатиот хрватски весник Jutarnji List, кој прво објави дека пристигнувањето на UH-60M Black Hawk во Хрватска овозможило пензионирање на дел од флотата Mi-8 на хрватските воздухопловни сили во 2022 година. Поради оваа причина, Хрватска се одлучила дека 14 нејзини хеликоптери наскоро ќе бидат префрлени во Полска за испорака до украинските вооружени сили.

воздухопловно-технички центар – „Велика Горица

Jutarnji List откри дека гореспоменатите хеликоптери моментално се ремонтираат во воздухопловно-техничкиот центар во „Велика Горица“, во непосредна близина на аеродромот „Фрањо Туѓман“, Загреб.

Во написот цитиран од весникот Politico, се наведува дека – „хрватските весници објавија и неколку детали: На хеликоптерите им се отстранети хрватските ознаки, половина од хеликоптерите ќе се транспортираат на делови по пат, а другите седум хеликоптери ќе летаат за Полска за да биде префрлен во Украина“.