Падна одлука: Америка ја праќа војската во војна!

САД ќе испратат 1.500 војници во Ирак и Сирија за да се борат против Исламската држава (ИСИЛ), што е најголем број војници распоредени во областа од 2008 година.

Војниците, сите членови на Националната гарда од Њу Џерси, прво ќе одат на обука во Форт Блис, Тексас, пред да заминат на Блискиот Исток, пренесува CBS. Ова се случува кога силите кои се противат на САД во Ирак и Сирија ги нападнаа американските бази најмалку 130 пати од почетокот на војната во Газа.

Сириската влада ги смета американските сили за „окупаторска“ сила, а ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани минатата недела изјави дека сака американските сили „брзо“ да заминат, според Ал Џезира.