Оваа Филипинка има 106 години и официјално е најстарата жена на насловната страница на Вог (ФОТО)

Апо е позната по тоа што ја совлада и усоврши техниката на тетовирање баток стара 1.000 години, која вклучува цртање на кожата со саѓи и остар стап.

106-годишна жена ја краси насловната страница на априлското издание на филипинското издание на магазинот „Вог“ . Нејзиното име е Апо Ванг-од, позната и како Марија Огеи и потекнува од домородното племе Калинга.

Апо живее во малото планинско село Бускала и се смета за најстар мамбабаток на Филипините, што е термин за традиционален мајстор на тат.

Жената се прослави со совладување и усовршување на техниката на тетовирање „баток“ стара 1.000 години, која се прави со цртање со саѓи и остар стап.

Жената почнала да го учи овој метод уште како тинејџерка – татко и ја учел кога имала само 16 години.

– Апо Марија Ванг-оф Огај ја симболизира силата и убавината на филипинскиот дух. Таа е последниот мамбабаток од нејзината генерација, а на кожата на илјадници луѓе кои го посетиле Бускалан ги втиснала симболите на племето Калинга кои означуваат сила, храброст и убавина – пишува „Вог“ на социјалните мрежи.