Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со популарната социјална мрежа Твитер. До 14 часот, 2.225 корисници пријавиле на веб-страницата „Downdetector“ дека имаат одредени потешкотии при пристапот до мрежата.
Најмногу проблеми имаа оние корисници кои сакаа да пристапат до Twitter преку веб (67%), а нешто помалку преку апликацијата (23%).
„Дали Твитер падна“, „Твитер не работи или нешто не е во ред со мојот профил“, напишаа корисниците на социјалните мрежи.
Корисниците почнаа да пријавуваат проблеми во последните два часа.