ПАДОТ НА ‘ПРИНЦЕЗАТА’ – Од луксузен живот до обвинувања за водење криминална организација и перење милиони долари: “Убавицата заврши на топол оброк три пати на ден…“

Таканаречената „принцеза на Узбекистан“, Гулнара Каримова, е обвинета од швајцарските власти за водење на меѓународна криминална организација која перела стотици милиони долари.

Ќерката на починатиот узбекистански претседател, Ислам Каримов, е обвинета за кражба на стотици милиони од Узбекистан, како и за поткуп на директори и функционери на глобалната Влада, пишува Financial Times.

Гулнара Каримова (51 г.) е во затвор во Узбекистан од 2019 година, а во четвртокот беше обвинета во Швајцарија под обвинение дека раководи со наводна криминална група. Таа, наводно, ги перела парите преку разни фирми и банкарски сметки лоцирани во Швајцарија.

Гулнара Каримова, која беше дипломат, амбасадорка во Шпанија, претставничка во Обединетите нации во Женева, но и поп пејачка, а наводно, според швајцарските власти, имала организација позната како „Канцеларија“, која била составена од повеќе од 100 легитимни компании кои тајно работеле на перење пари за нивните членови лесно да се збогатат.

Гулнара Каримова со години уживаше имунитет од кривично гонење поради статусот на дипломат, а безгрижно патуваше низ светот промовирајќи го својот раскошен начин на живот со познати пријатели.

Главен центар на криминалната организација, која наводно почнала да работи во 2005 година, била, се наведува, швајцарската компанија Zeromax, која престанала со работа во 2010 година. Сметката на компанијата открива „невообичаени“ активности, вклучувајќи милиони долари потрошени на накит и луксузни медицински третмани.

Таа, наводно, користела сефови во Lombard Odier, швајцарска банкарска компанија, за да смести дијаманти и скапоцени камења вредни милиони. Покрај тоа, таа има приближно 440 милиони долари имот, кој се уште е замрзнат во банката.

Гулнара Каримова ги отфрли обвинувањата. Нејзиниот адвокат со седиште во ЖеневаГрегоар Манге, вели дека таа ги оспорува сите обвиненија и ќе се бори за нејзино ослободување.

Ја оспоруваме теоријата за криминална организација. Швајцарските обвинители ја извлекоа од капата пред само една година, 10 години по почетокот на нивната истрага“, вели тој, пренесува Financial Times

Нашата клиентка Гулнара Каримова беше во притвор речиси 10 години. Нема индикации колку долго ќе треба да помине во затвор во Узбекистан“, додава адвокатот.

И покрај негирањата на „принцезата“, швајцарското обвинителство тврдеше дека нејзината организација своите криминални активности ги вршела како професионален бизнис, придржувајќи се до задолжителните прописи и придржувајќи се до строга поделба на задачите, притоа прибегнувајќи кон насилство и заплашување.

Швајцарија почна да ја истражува откако нејзиниот татко почина во 2016 година, поради што таа го загуби дипломатскиот имунитет.

Гулнара Каримова, исто така, беше ставена во домашен притвор во 2013 година по политичките пресврти во земјата, а беше осудена за проневера во нејзината матична земја во 2017 година.

Нејзините адвокати тврдат дека оттогаш била мачена и лишена од нејзините основни права.