Папата апелира за проширување на каналите за безбедно движење на мигрантите

 Папата Франциск денеска упати апел до сите земји да управуваат најдобро што можат со мигрантските бранови, како и да ги прошират каналите за нивно безбедно и редовно движење.

Тој повика на „заедничка посветеност“ при решавање на проблемите со миграцијата.

Според папата Франциск политичарите во земјите на потекло треба да спроведуваат „транспарентна, чесна и далекувидна политика“, додека богатите земји треба да избегнуваат каква било форма на „економски колонијализам“.