Парижани освен „проблемот Мбапе“ бара и наследник на Галтие

Како проблемите со Килиан Мбапе да не се доволна главоболка за челниците на „светците“. Пари Сен Жермен бара наследник на Кристоф Галтие, кој по крајот на сезоната замина од „Паркот на принцовите“.

Францускиот стручњак се раздели со парижани, па сега е потребно да се најде алтернатива. Се работеше на доведување на Јулијан Нагелсман, меѓутоа германскиот стручњак ја одби понудата да дојде во „градот на светлината“.

Алтернативи за него се Тиаго Мота и Луис Енрике, како имиња кои ги посакува Насер Ал Келаифи. Предводникот на Болоња е поранешен играч на ПСЖ и неговото име се почитува во клубот, меѓутоа нема доволно искуство на врвно ниво. Од друга страна, Енрике е без ангажман, далеку е поискусен, а првичните разговори беа неуспешни. Се споменува и Чаби Алонсо, кој има договор и не планира да замине од Баер Леверкузен.