ПАРИС ХИЛТОН ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД СИНОТ КОЈ ДОЛГО ВРЕМЕ ГО КРИЕШЕ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА: Скандалозни се коментарите за нејзиното дете (ФОТО)
На почетокот на годината, благодарение на сурогат мајка, Парис Хилтон го доби синот Феникс Барон Хилтон. Наследничката на мултимилионската империја изјави дека го избрала името за своето прво дете со цел да се совпадне со „Лондон и Париз“.
Парис Хилтон оваа недела се појави на социјалните мрежи за да сподели нови фотографии со нејзиното машко бебе добиено со сурогат мајка.
Фотографијата која за 19 часа има над милион лајкови, наиде на навредливи и грди коментари за синот на Парис Хилтон, кој во коментарите беше опишан како „најгрдото дете на планетата“ и „на кој е толку грдо“.
Од друга страна, меѓу бројните коментари, луѓето пишуваа дека момчето е преслатко и дека на оние кои пишуваат грди коментари треба да им се забрани користење на интернет.
На фотографијата Парис го држи својот син кој за прв пат бил во посета на Њујорк.
Парис со синот го посетила Њујорк за да гостува во шоуто на Џими Фалон.