ИЗРАБОТЕН ПРВИОТ КОНДОМ ЗА ЖЕНИ И МАЖИ: Секој ќе може да го користи, а еве колку ќе чини едно пакување по двајца! (ФОТО)

Пристигна универзалната заштита! Малезиски гинеколог го создаде првиот кондом што може да го користат и мажи и жени.

Кондомот е направен од материјал кој најчесто се користи за покривање повреди и рани во болниците. Неговиот изумител се надева дека кондомот, наречен Vondaleaf , ќе ги поттикне луѓето подобро да го контролираат своето здравје , без оглед на нивниот пол или ориентација.

„Тоа е во основа обичен кондом со леплива обвивка “, рече д-р Џон Танг Инг Чинг, гинеколог во компанијата за медицински помагала Твин Каталист.

– Лепакот се нанесува само на едната страна – додаде тој, што значи дека можат да се превртат и да се користат од двете страни. Секоја кутија содржи два кондоми и ќе чини три евра . Ќе биде достапен за купување во декември.

Просечната цена за десетина кондоми во Малезија е меѓу 4,11 и 8,61 евро. Танг прави кондоми од полиуретан, материјал кој се користи во проѕирните преврски за рани, кој е тенок и флексибилен, но цврст и водоотпорен.

„ Откако ќе го облечете, често не сфаќате дека е таму “, рече тој, мислејќи на облогите направени од материјалот. Тој објасни дека Vondaleaf поминал низ неколку рунди на клиничко истражување и тестирање и ќе биде комерцијално достапен на веб-страницата на компанијата овој декември.

– Врз основа на бројот на клинички испитувања што ги спроведовме, јас сум прилично оптимист дека со текот на времето тоа ќе биде значаен додаток на многуте контрацептивни методи кои се користат за спречување на несакана бременост и сексуално преносливи болести – рече Танг.