Парламентот на Либија повика на запирање на извозот на нафта во земјите што го поддржуваат Израел

– Парламентот на Либија денес повика на запирање на извозот на нафта во земјите што го поддржуваат Израел во екот на бруталните воздушни напади врз Појасот Газа.

„Бараме Владата да го запре извозот на нафта и гас во земјите што го поддржуваат Израел во случај да не престанат израелските масакри“, рече портпаролот на државниот Парламент, Абдула Белихак, во соопштението.

Собранието со седиште во Источна Либија ги повика и амбасадорите на земјите што ги поддржуваат злосторствата на Израел во Газа веднаш да ја напуштат Либија.

„Собранието силно ја осудува поддршката што Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Франција и Италија ја дадоа за израелските злосторства во Газа“, се вели во соопштението.

Конфликтот во Газа е наречен „геноцид предводен од САД и Западот врз невините луѓе под блокада“.