НАТО и Европската унија денеска реагираа резервирано на планот на Кина да стави крај на војната во Украина.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Кина нема голем кредибилитет како посредник.
„Кина нема многу кредибилитет бидејќи не ја осуди илегалната инвазија на Украина“, изјави Столтенберг пред новинарите во Талин, додавајќи дека Пекинг потпишал договор со рускиот претседател Владимир Путин само неколку дена пред почетокот на војната, пренесува Ројтерс.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека Кина не понудила мировен план, туку „некои“ принципи, кои мора да се „разгледаат во одреден контекст“.
Ова, изјави Фон дер Лајен, е „факт дека Кина веќе се усогласила“ со потпишување договор за неограничено пријателство со Русија, непосредно пред нападот на Украина.
„Се разбира, ќе ги разгледаме принципите, но ќе ги разгледаме во контекстот во кој Кина зазеде страна“, додаде претседателот на Европската комисија, пренесува РТС.