Пекинг: САД неуспешно вршат притисок врз кинеско-руските односи

Кина никогаш нема да го прифати притисокот и заканите на Вашингтон во однос на руско-кинеските односи, изјави денеска директорот на Централниот комитет за надворешни работи на Комунистичката партија на Кина, Ванг Ји.

  • Никогаш нема да прифатиме американски директиви, па дури и закани за притисок врз руско-кинеските односи, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Највисокиот кинески дипломат истакна дека „руско-кинеските односи на сеопфатно партнерство и стратешка интеракција се засноваат на принципите на неврзаност, неконфронтација и нетаргетирање на трети страни и претставуваат внатрешно прашање на две суверени, независни држави“.