ПЕКОЛЕН ПЛАН – Џихадист осуден на 20 години затвор во Русија добил неверојатна понуда: “Ти си нашите очи и уши таму!“

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) регрутирала поранешни борци на Исламската држава (ИД) и ги инфилтрирала како нејзини агенти во украинските баталјони, открива независниот руски веб-портал Meduza.

Новинарите од независниот руски медиум контактирале со поранешниот борец на ИДБаурџан Култанов, кој се согласил да работи за ФСБ во замена за намалена затворска казна. По отслужувањето на четири години од максималната затворска казна од 20 години, Баурџан Култанов започнал да тренира за инфилтрирање во волонтерски баталјон на Чеченците и Татарите кои се борат на страната на Украина. За време на обуката Баурџан Култанов дознал дека Русија има многу слични „агенти“ на готовност кои планира да ги испрати во Украина.

Таму ти си нашите очи и уши, но не си единствениот“, се присетил Баурџан Култанов што му кажале регрутите на ФСБ. Плановите на ФСБ за Баурџан Култанов на крајот се промениле и наместо во Украина, тој бил испратен во Турција во 2021 година. Од него, меѓу другото, било побарано да најде купувач за фалсификувани долари, документи и пасоши и да открие кој што подготвува против РусијаБаурџан Култанов моментално се наоѓа во турски затвор под обвинение за кршење на правилата за имиграција. 

Meduza објави дека побарал политички азил, тврдејќи дека ќе биде затворен и убиен доколку биде депортиран во Русија.

Во јануари оваа година Украина објави дека разоткрила повеќе од 600 руски агенти. Американските власти уапсија околу 50 Руси осомничени дека се агенти на ФСБ на американско-мексиканската граница откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари. Повеќето од нив тврдат дека се активисти или работници на невладини организации, а некои се предале на американската гранична патрола како незадоволни агенти на ФСБ, испратени да ги шпионираат руските опозициски активисти и новинари во странство.