ПЕКОЛНА НОЌ ВО РОДС: Густ црн чад го прекри островот, битката на пожарникарите не престанува (ФОТО)

На Родос се очекува уште една кошмарна ноќ, а борбата на пожарникарите продолжува со несмалено темпо.

Како што претходно соопштија од противпожарната служба, пожарот се движи од Вати кон Генади, а како што може да се види на фотографиите, густ црн облак чад го прекри грчкиот остров.

оган, Родос

Пожарот повторно се разгорел во утринските часови, поради што е испратен повик за евакуација на жителите во Линдос.

266 пожарникари од 16 групи единици и 55 возила се обидуваат да го изгаснат пожарот, заедно со голем број волонтери и сите агенции за Цивилна заштита.

„Се бориме да го спречиме пожарот да стигне до Генади“, изјави за „Прототема“ волонтер кој учествува во гаснењето на пожарот, кој сакаше да остане анонимен.

Во областа дува силен ветер, што дополнително ја отежнува работата на копнените сили, бидејќи со ширењето на пожарот се создаваат нови пожари.

Според сателитски снимки од вселенската програма на ЕУ „Коперник“, обемот на штетите од шумскиот пожар во Родос е огромен, со уништени повеќе од 140.000 хектари.