Најсилните европски фудбалски лиги се во фокусот на првиот викенд од 2025 година на Стариот континент, а дербито, барем според големината на клубовите и традицијата, ќе се одигра во недела меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.Сепак, дуелот на Енфилд сегашната состојба може да го опише како судир на Давид и Голијат бидејќи машината на Слото меле се пред себе, додека Аморим веројатно се пцуе себеси што воопшто го презел Јунајтед.
Интересен натпревар денеска ќе одиграат Тотенхем и Њукасл, а од останатите натпревари вреди да се издвојат двојките како Кристал Палас и Челзи или Брајтон и Арсенал.
Најмногу внимание кај Италијанците привлекуваат дуелите меѓу Фиорентина и Наполи (сабота) и Рома и Лацио (недела).
Наполи ќе има тешка задача да ја совлада Фиорентина и да остане во трка за титулата со Аталанта, додека римското дерби ќе биде особено важно за Рома која е само во средината на табелата.
Викендов Ла Лига е во мирување, но ќе се одиграат осминафиналните натпревари од Купот на кралот. Барселона и Атлетико ќе играат со нисколигашите Барбастра, односно Марбеља, а Реал Мадрид во понеделник гостува кај Минера.
Французите најмногу ќе ги интересира натпреварот за трофејот во Суперкупот што ПСЖ и Монако ќе го одиграат во недела во Катар.