Пендаровски: Велат „никогаш северна“, но пет години земаат плати од Северна Македонија

Граѓаните да не им веруваат на политичарите, чии ставови се менуваат во зависност од тоа дали тоа ќе го кажат јавно или зад телевизиските камери, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на вториот ден од победничката парада пред граѓаните на Пробиштип.

За лажните ветувања на опозицијата, Пендаровски рече дека опозицијата вели „никогаш северна“, но од Северна Македонија пет години по ред земаат високи службени плати како заменици, како градоначалници, како локални советници.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Пробиштип за изминатиот период и повторно ја побара нивната поддршка на 24 април и 8 мај. Потенцирајќи дека во последните пет години она што го ветил и реализирал до крај, Пендаровски истакнал дека бил, е и ќе биде претседател на сите.