Стевче Јакимовски: Раселеноста е поради лошите политики на владејачката партија

Кандидатот за претседател на ГРОМ, Стевче Јакимовски кампањата ја продолжи со средба со жителите на Гостивар.

Јакимовски им зборуваше на гостиварци за актуелните случувања и напомена дека најголема грижа е раселувањето, а како што напомена, тоа се должи на лошите политики на актуелните владејачки партии.

„Причина за масовниот егзодус е политичкото однесување на функционерите, не земајќи ја предвид сопствената држава туку другите држави“, рече Стевче Јакимовски, кандидат од ГРОМ.

Тој истакна дека е кандидат на граѓаните, а не рака на партиите. Говорејќи за промена на Уставот, тој ги критикуваше предлозите на неговите противници за процесот.

„Претседателските кандидати бегаат од дебати. Тоа е голем срам за демократијата. Народот треба да ги слушне нивните ставови за суштинските прашања за државата“, рече Јакимовски.