Пендаровски: Не е моментот во овие тажни времиња да се зборува за втор мандат за претседател

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека не размислува за втор мандат во вакви тажни времиња.

„Прашањето на вашиот колега беше дали размислувам за втор мандат. Реков дека не мислам, и да бидам искрен, не знам кој нормален човек, граѓанин на нашата Македонија или политичар барем може да размислува за власт, за избори, за мандати во такви трагични времиња што ги минуваат низ.

Изборите се следната година, закажани за април и мај, имаме доволно време после Нова година да размислиме за тие работи, но во моментов мислите ми се насочени само кон семејствата на загинатите и секако во рамките на мојата функција да работам до крај на мандатот, согласно потребите на граѓаните кои ми ја дадоа честа да ја водам државата пред четири и пол години“, рече претседателот.