Вчера околу пладне, 68-годишен возач на автомобил прегазил малолетно девојче во Кочани, кое е тешко повредено, соопшти МВР.
„На 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „Рено Клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани“, велат од полицијата.
„Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани“, додаваат од МВР, заедно со информацијата дека кочанските полицајци извршиле увид на местото на несреќата.