Песков е потсети на Југославија и на агресијата на НАТО: „Граанатите со осиромашен ураниум имаат непријатни последици, кои ќе ги почувствуваат и идните генерации“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека одлуката на САД да испратат гранати со осиромашен ураниум во Украина е „многу лоша вест“ и потсети на последиците од тоа оружје откако беше употребено за време на агресијата на НАТО врз СФРЈ Југославија, пренесува РТ Балкан.

– Тие гранати беа активно користени против Југославија. Употребата на гранати имаше многу, многу жални последици, што го потврдија дури и меѓународните организации – посочува портпаролот на Кремљ.

Песков потсети дека употребата на ваква муниција предизвикала зголемување на бројот на заболени од онколошки и други болести.

– Тие последици се чувствуваат и кај идните генерации на оние кои некако дошле во контакт со неа и биле во областите каде што се користело тоа оружје – додаде Песков.