Доста беше! Роналдо стави крај на ривалството со Меси: Ако мене ме сакате, не мора него да го мразите! (фото)

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека многу го цени и почитува Аргентинецот Лионел Меси.

Роналдо им испрати порака на фановите дека ако го сакаат едниот, нема потреба да го мразат другиот.

Тој истакна дека ривалството со Меси повеќе не постои.

„Нема ривалство. Беше убаво, им се допадна на навивачите. Секој што го сака Кристијано Роналдо не мора да го мрази Меси. И двајцата сме многу добри фудбалери, ја променија историјата на фудбалот. Ние сме почитувани низ целиот свет и тоа е она што е најважно. Тој има свој стил, а јас мој. Тој работи добро, колку што видов. Спортувањето продолжува, но ривалството не. Ја делевме сцената 15 години. Можеби не сме добри пријатели но сме колеги кои меѓусебно се почитуваат“, истакна Роналдо.