Еве зошто на Адријана Лима брзо ѝ расте косата: Поради само една состојка која ја става во регенераторот, сите жени ѝ завидуваат! (фото)

Адријана Лима, бразилска манекенка, покрај на убавото и негувано лице, и’завидуваат и на нејзината здрава и сјајна коса, сите жени од целиот свет.

Внимава на исхраната, се грижи и вежба, а храната што ја јаде често ја користи во служба на убавината.

„Секогаш ставам малку пире од авокадо во маска за коса или регенератор и гарантирам дека вашата коса ќе биде посјајна од кога било“. Не се шегувам! Авокадото нема силен мирис, па вашата коса нема да мириса чудно“, откри една од најубавите жени на светот.

Авокадото е храна исклучително богата со хранливи материи од која организмот има бројни придобивки. Полн е со витамини и минерали, вклучувајќи витамин К, витамин Ц, калиум, витамин Б5, витамин Б6 и витамин Е, како и мали количини на магнезиум, манган, бакар, железо, цинк, фосфор, витамини А, Б1, Б2. и Б3. Оваа здрава храна не само што ја обновува оштетената коса, туку и го поттикнува новиот раст и го запира опаѓањето на косата.

Хранливите материи во авокадото можат да ја заштитат и омекнат косата, а ова овошје создава заштитна бариера која ја штити косата и ја одржува хидрирана, мека и флексибилна.

Авокадото може да го неутрализира и првутот. Го хидрира скалпот, а ако го помешате со масло од арган, нежно ќе го стимулирате обновувањето на површинскиот слој на кожата со што ќе се ослободите од првутот и непријатното чешање.