ДОЖИВЕA СТРАШНА НЕСРЕЌА И ПОМИНА 83 ДЕНА ВО КОМА Шокантна исповед на голманот на ПСЖ: Ослабев 20 килограми, бев како чепкалка за заби

Голманот на Пари Сен Жермен Серхио Рико успешно се опоравува по тешката несреќа што ја доживеа во Андалузија.

Животот на несреќниот шпански голман висеше на конец по страотниот пад од коњ. Имено, пред неполни четири месеци Рико паднал од коњот, а потоа добил неколку удари со копитото. Тој доживеа мозочен удар и скршеница на вратниот пршлен. Лекарите со денови се бореле за неговиот живот, тој поминал 83 дена во кома и изгубил дури 20 килограми.

Тој ја напушти болницата во август и редовно посетува терапија во Севиља. Тој се уште не почнал да тренира, но се надева дека ќе се приклучи на тимот до крајот на сезоната.

За шпанскиот “Cope” отворено зборуваше за неговата најголема борба во животот.

Секој ден се подобрувам, но медицински, сè уште не сум на 100 проценти. Останав во Севиља за да не морам често да патувам со авион кога правам тестови“, вели Рико.

Тој се присети на периодот кога штотуку ја напуштил болницата.

Изгубив речиси 20 килограми по несреќата. Имав 92 килограми, паднав на 72, но сега се вратив на 88. Фотографиите ги видов кога излегов од болница – изгледав како чепкалка за заби“, открива Рико.