Зеленски на чело на армијата носи командант со руско потекло

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го откри името на новиот началник на украинската армија.

Станува збор за Олександр Сирскиј, кој дојде на функцијата началник на армијата на Украина.

Имајќи го чинот генерал полковник, тој е командант на копнените сили на Украина од 2019 година, пренесува skynews .

На тој начин 58-годишниот командант со руско потекло го замени разрешениот Валери Залужни.

Последниот го прифати заминувањето наведувајќи дека „решивме да го промениме нашиот пристап и стратегија. Благодарен сум на сите што се со мене, на генералштабот, на Министерството за одбрана и на претседателот на Украина“.