ВАТИКАН ЌЕ “НАЛУТИ“ МНОГУ ВЕРНИЦИ НИЗ СВЕТОТ – Официјално потврдено: “Да, транссексуалците можат да се крстат, а можат и…“

Транссексуалците можат да бидат кумови за крштевање и можат самите да се крстат, објави во средата Ватикан, одговарајќи на прашања од бискупите.

Ватикан не одговори јасно на прашањето дали истополовите парови можат да крстат посвоено дете или дете родено од сурогат мајка.

Во јули, бискупот Хозе Негри од Санто Амаро, Бразил, испрати шест прашања до Ватикан за ЛГБТ луѓето и нивното учество во светите тајни на крштевањето и бракот.

Трите страници прашања и одговори беа потпишани од првиот човек на дикастеријата, аргентинскиот кардинал Виктор Мануел Фернандез, а одобрени од папата Франциско на 31. октомври. Тие беа објавени во средата на порталот на дикастеријата на италијански јазик.

Одговарајќи на прашањето дали транссексуалците би можеле да се крстат, од дикастеријата одговориле дека можат под одредени услови и доколку не постои ризик од јавен „скандал“ или збунување на верниците.

Дикастеријата, исто така, одговори дека транссексуалците можат да бидат кумови по дискреција на локалниот свештеник и кумови на бракот, но локалниот свештеник треба да биде „пасторски мудар“ кога ја донесува одлуката.

Личност во истополова врска може да биде кум на венчавката, одговориле од дикастеријата, повикувајќи се на канонскиот закон што не го забранува тоа.

Одговорот е помалку јасен кога станува збор за лицата во истополови врски и нивната улога во крштевките.

Бразилскиот бискуп прашал и дали истополовиот пар кој посвоил дете или го добил со помош на сурогат мајка може да го крсти тоа дете. Од Ватикан одговориле дека во тој случај мора да постои „основана надеж дека детето ќе се образува во католичка вера“.

Одговорот на прашањето дали личноста во истополова врска може да биде кум е подеднакво нејасен. Било одговорено дека оваа личност мора „да води живот во согласност со верата“.