Вознемирувачко видео од ноќен клуб: ,,Избацивач” скришум му приоѓа на млад човек одзади, а потоа го фаќа за врат! Драма во познат бар

Камерата го сними моментот кога ,,избацивачот” на ноќен клуб во познато шпанско одморалиште со вистински боречки потег онесвестува клиент!

На видеото се гледа како ,,избацивачот” му приоѓа на младиот човек одзади и ненадејно со десната рака го фаќа за врат. Младиот човек изгубил свест за неколку секунди.

Напаѓачот потоа покажал тотално непочитување кон човекот што го онесвестил фрлајќи го на тротоарот и си заминал.

Ужасната сцена се случила во раните утрински часови минатиот петок во ноќен клуб во Алмунекар јужно од јужниот шпански град Гранада.

Локалните медиуми пренесуваат неофицијални информации дека мажот на видеото наводно бил „проблематичен муштерија“ кој претходно фрлал камења кон неименуваниот ноќен клуб.

Тие наведуваат и дека по неколку моменти станал и си заминал.

Полицијата ги идентификуваше сите инволвирани во инцидентот и испрати целосен извештај до локалниот суд за да може истражниот судија да преземе дополнителни чекори.

Младиот човек кој останал без свест не поднел официјална пријава. Неговата националност не е соопштена.