Првиот паметен паркинг доаѓа од Кина: Доволно е само да го оставите автомобилот, а потоа следи високотехнолошки тетрис! Погледнете како изгледа (видео)

Хангжу, Кина доби целосно автоматизиран систем за паркирање. Возачите ќе бидат воодушевени од фактот што треба само да го остават својот автомобил во зградата, која е и архитектонско ремек дело.

Зградата го носи името Future Car Park и се наоѓа во деловната област Хангжу, а може да прими 500 автомобили.

Паркингот се состои од низа кули кои личат на овални дрвја. Три кули во центарот на Future Car Parj се користат за паркирање автомобили, додека другите три ги превезуваат посетителите со лифтови.

Возачите влегуваат во зградата, каде ги оставаат своите автомобили, кои потоа се преместуваат во пониските паркинг зони или со лифтови се дистрибуираат до кулите.

Системот за автоматско паркирање го одредува паркинг просторот за секој автомобил врз основа на потребното време за паркирање поставено од сопственикот на автомобилот.