Пејачката била со синот на озогласениот криминалец! Таа е поранешен лидер на Пинк Пантери: Крадеше од златарници, а нејзиниот наследник е вистински убавец (фото)

Анѓела Вујовиќ, попозната како Анџелина, од самиот почеток на кариерата ја освои младата публика, од која претежно се нејзини фанови.

ПЗЕ, Евровизија, Анџелина

Додека младите ја знаат по бројните хитови, малку повозрасните ја паметат по учеството на Евровизија. Анџелина ретко зборува за приватниот живот во јавност, а поранешното момче го спомна само неколку пати.

Анџелина беше во врска со синот на Оливера Ќирковиќ, член на криминалната група „Пинк Пантер“, Никола Ќирковиќ. Таа ја криеше нивната љубов, но понекогаш објавуваше заедничка фотографија на Инстаграм, а нејзините обожаватели коментираа на секоја објава. Но сепак следеше раскинувањето, за што Анџелина јавно проговори.

Анџелина

– Живееја заедно, уживаа во љубовта. Имаа големи планови, но сфатија дека врската не им оди и дека најдобро е да раскинат после толку години врска – изјави за Блиц добро информиран извор близок на парот.

По две години решија да стават точка на нивната романса, иако тогаш се шпекулираше дека пејачката се преселила во Нови Сад, дека има одлични односи со свекрвата. Иако раскинаа, Анџелина повеќе пати потенцираше дека нема омраза меѓу нив.