Џин Џин желе стапчиња повлечени од пазарот

Сеуште нема информации дали овој вид на желе стапчиња ги има во Македонија.

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги отповика стапчињата за желе „Jin Jin assorted jelly strip“ бидејќи содржат неодобрени адитиви Е407 и Е410, а поради тврдоста на производот може да биде ризик за здравјето на потрошувачите, особено на децата. Овие адитиви можат да влијаат на конзистентноста на желето, при што поради тврдоста на производот не може да се исклучи ризикот по здравјето на потрошувачите, особено на децата, поради можноста од задушување при голтање.

Производот не е во согласност со Регулативата за адитиви во храната и со Регулативата за воспоставување општи принципи и услови на законот за храна, формирање на Европската агенција за безбедност на храната и воспоставување процедури во областа на безбедноста на храната, се вели во известувањето. Повлечениот производ е со сите ЛОТ броеви и датуми на истекување, добавувач е германскиот Crevel Europe.