Објавено видео од руски војници? „Помош, не испратија на фронт без обука“

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, објави видео од руски војници кои бараат помош од властите затоа што биле испратени на фронтот без обука и опрема.

„Не мобилизираа од различни области на Московскиот регион и нè испратија во Украина практично без воена обука. Наместо да не обучуваат, копавме ровови, градевме и носевме опрема таму 10 месеци. Не поминавме никаква тактичкa, медицинска или воена обука“, изјави војникот на видеото.

„Имаме големи загуби. Изгубивме речиси 40% од нашите луѓе.“

„Веќе две недели сме на фронтот. Немаме доволно муниција, оружје, медицинска опрема, храна. Имаме големи загуби. Загубивме речиси 40% од нашите луѓе. Само овие војници останаа овде од мојот вод. Што да кажам? Бараме ваша помош“, додаде тој.

„Навистина се загрижив откако ни ги одзедоа мобилните телефони, па не можевме да го снимиме ова барање. Ја барам вашата помош за вашите браќа и синови да се вратат живи.“