Пиела кисела вода секој ден цел месец: Кога отишла на лекар останала шокирана – еве што се случило со нејзиното тело

Голем број луѓе сакаат кисела вода, без разлика дали е со вкус на лимон или не. Се верува дека придонесува за подобро варење и здравје на цревата, поради што киселата вода често се избира како „одлична замена“ за газираниот сок.

Со векови луѓето пијат кисела вода за да го смират желудникот, пред сè за да ги ублажат непријатните симптоми на надуеност.

Дали е вистина и колку е безбедно да се пие кисела вода секој ден, откри нутриционистката Сара Хас.

Според неа, секојдневното консумирање има позитивни и негативни страни. Киселата вода придонесува за подобра хидратација, а позитивно влијае и на варењето, неутрализацијата на желудочната киселина, работата на бубрезите и правилната работа на срцето. Една студија покажа дека редовното внесување на кисела вода ја зголемува густината на коските, која нормално се губи со возраста.

Меѓутоа, ако пиете кисела вода секој ден, има и негативни ефекти. Може да ја оштети забната глеѓ и да придонесе за развој на кариес. Клиниката Мајо истакнува дека газираните пијалоци, како и водата, можат да придонесат за развој на горушица. Ова еднаш го потврди д-р Ендрју Л. Рубман.

„Киселината содржана во киселата вода е опасна на празен стомак, па наместо да го решите проблемот со горушица или варење, можете само да го влошите.

Најдобро е да се пие кисела вода помеѓу оброците, додека сите газирани безалкохолни пијалоци треба да се избегнуваат колку што е можно повеќе“, објасни д-р Ендрју Л. Рубман.