Живее во Алјаска на -31°C: На видеото покажа каде оди во тоалет, оставајќи ги гледачите без зборови

Лорен Херст сподели видео од нејзиниот живот во кабина во Алјаска, каде температурите паѓаат до -31 Целзиусов степен. Таа со корисниците на TikTok сподели видео од лудото место каде што мора да оди во тоалет преку видео објавено на нејзиниот канал @explaurmore, каде често објавува ажурирања за тоа како е да се живее во толку оддалечен дел од светот, пишува The Sun.

Лорен објасни дека во кабината нема вода или водовод, па затоа мора да оди во доградбата на дното од нејзината градина. Помошната куќа на Лорен нема врата, што значи дека таа целосно смрзнува кога оди да изврши нужда во зимските месеци, пренесува Вечерњи.хр 

Нејзината градина моментално е покриена со густ снег, па мора постојано да отвора патека во снегот за да оди во тоалет. Лорен рече дека не ѝ пречи да биде толку студено, иако не пораснала во снежна клима бидејќи е навикната на повлажно време каде што „студот влегува во коските“, објаснувајќи дека сувиот студ на Алјаска е поподнослив.

Таа додаде дека не и’ пречи што тоалетот нема врата бидејќи во близина нема луѓе и животни, а може да гледа во поларната светлина додека врши нужда. Корисниците на TikTok се собраа во коментарите на видеото на Лорен за да ги споделат своите размислувања за нејзината единствена ситуација во тоалетот.

„Моето момчо беше во куќата без врата кога гризли залута на имотот. Беше оддалечен само околу два метри“, напишал еден корисник.

„Пораснав во Алјаска. Најстуденото што лично го доживеав беше -63. На крајот готвев вечера на шпорет на дрва седум дена затоа што останавме без бензин“, гласи друг коментар.