Пике проговори за Шакира: Би рекол…

Нелис го праша Пике кој е најпознат од неговите телефонски контакти

По раскинувањето, кое го следеше цел свет, помеѓу фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира, Пике за прв пат ја спомена својата избраничка со која беше во врска 12 години.

Во интервју за тиктокер Џон Нелис, тој за прв пат го спомна името на својата поранешна партнерка.

Нелис го праша Пике кој е најпознат од неговите телефонски контакти.

  • Би рекол… Шакира, која ми беше партнерка – одговорил фудбалерот, пренесува „Марка“.

Двајцата за време на врската ги добија синовите Милан и Саша, а како главна причина за раскинувањето се споменуваше неверството на фудбалерот. Пике набрзо почна да се појавува со својата нова девојка Клара Чиа Марти, што само го зголеми интересот на јавноста за неговиот приватен живот.